(ВИДЕО) Креативна невеста – Ваква танцова кореографија никогаш не сте виделе на свадби: На многумина не им е јасно кој е младоженецот

Видеата и анегдотите од свадбите привлекуваат се поголемо внимание на социјалните мрежи, поради што многу младенци сакаат да бидат креативни на свадбите. Затоа, една невеста решила да танцува со двајца гости на свадбената веселба.
Имено, на Инстаграм неодамна беше споделено видео од танцова кореографија од свадба, кое воодушеви, но и збуни многумина.
Како што можете да видите на почетокот, една невеста и двајца мажи стојат на подиумот опкружени со гости. Еден од мажите се обидува да скокне врз друг гостин за да му седне на рамениците.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by JUAN DIEGO SALIDO (@johnysalido)


Но, во еден момент не му успева, па на помош му доаѓаат други гости. Ситуацијата насмеала многумина, но не ги обесхрабри гостите и невестата да продолжат со кореографијата. Присутните гости немале поим што ќе се случи потоа.
Откако мажот седнал на рамениците на друг гостин, невестата го свртела грбот и го фатила за стапалата. Набрзо таа ги крена нозете и тие почнаа да се вртат околу подиумот. Младото момче кое го вртело ги воодушевило присутните, но и корисниците на Инстаграм поради својата сила.
На крајот од танцот, на невестата и приоѓа маж кој и подава раката и ја зема во прегратка. Ситуацијата дополнително ги збунила корисниците на Инстаграм бидејќи не знаеле кој е младоженецот.
Една од таканаречените теории секако беше дека младоженецот е всушност човек кој седи на рамениците на друг гостин, кој е кум. Меѓутоа, бидејќи на крајот на невестата и приоѓа друг маж, тоа предизвикало дополнителни реакции. Некои претпоставуваа дека се пријатели, но повеќето претпоставуваа дека се браќа на невестата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …