Во светот од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ се заразени повеќе од 20. милиони луѓе, а 13. милиони се избореле против вирусот.
Според веб-страницата „Worldometer“, најмногу опоправени има во земјите каде што се најмногу заразени.
Во Соединетите држави, каде што повеќе од пет милиони луѓе се разболеле, но скоро 2.700.000 закрепнале.
Во Бразил, каде што биле заразени три милиони луѓе, закрепнале повеќе од два милиони, а во Индија закрепнале еден и пол милиони од 2.226.153 лица заразени со коронавирус.
Бразил
Во Бразил, во последните 24. часа се регистрирани 22.408 нови случаи на инфекција со коронавирус, според Гардијан.
За само еден ден, бројот на починатите се зголемил за 703, соопшти Министерството за здравство.
Според официјалните податоци, повеќе од три милиони луѓе биле заразени во Бразил досега, а 101.752 лица починале како резултат на инфекцијата „ковид-19“.
Мексико
Во Мексико, од вирусот починале 705. луѓе, а потврдени се и 5.558 нови случаи на инфекција. Вкупниот број на заразени достигна 485.836, јави Ројтерс податоци од мексиканските здравствени власти.
Мексико се најде на третото место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирусот, по Бразил и САД и е на шестото место во светот по бројот на заразени.
Владата се обидува да ги балансира напорите за спречување на пандемијата и повторно отворање на економијата на земјата, бидејќи паднала за 17. проценти во вториот квартал.
Мексиканската влада соопшти дека реалниот број заразени лица е веројатно значително поголем од бројот на потврдени случаи.
Боливија
Во Боливија севотврдени уште 1.636 случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 91.635, соопшти Министерството за здравство.
Уште 72 пациенти починале од коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи е повеќе од 3.700.
Најзаразени се во Санта Круз – повеќе од 37.000, а потоа следува Ла Паз со над 22.000 заразени, пренесува ТАС С.
Боливија ги објави своите први два случаи на коронавирус на 10. март, а вонредна состојба беше прогласена кон средината на март.
Кон крајот на јули, владата го продолжи карантинот до 31 август.
Германија
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 966 – на 217.229, според денешните податоци на Институтот „Роберт Кох“.
Уште четири лица починале од вирусот корона, а вкупно 9.201 лица починале од почетокот на пандемијата, пренесува Ројтерс.
Јапонија
Јапонското Министерство за здравство објави дека во таа земја се потврдени 842 нови случаи на „Ковид-19“ и ова е првпат во последните 13 дена бројот на зарази за 24 часа да е помалку од илјада.
Во главниот град на Јапонија, Токио, потврдени се 196 нови случаи на инфекција, што е првпат во последните две недели бројот на ново заразени да биде помал од 200, пренесува Си-Ен-Ен.
Уште пет лица починале од коронавирус во Јапонија.
Од почетокот на пандемијата на вирусот корона во Јапонија, потврдени се 49.630 случаи на инфекција, а најмалку 1.065 лица починале.
РЕГИОН
Словенија – 2.255
Хрватска – 5.649
БИХ – 14.498
Србија – 28.262
Македонија – 11.942
Црна Гора – 3.696
Албанија – 6.536
Грција – 5.749
Бугарија – 13.512