(ВИДЕО) Корисниците на Нетфликс завршиле во солзи откако го гледале филмот „Човекот наречен Ото“ со Том Хенкс

Корисниците на Нетфликс останале разочарани откако го гледале филмот „Човекот наречен Ото“ бидејќи очекувале дека ќе биде комедија.
Многу корисници веруваат дека филмот е погрешно претставен и дека во никој случај не е комедија, како што посочиле на оваа платформа за стриминг.
Филмот од 2022 година неодамна стана достапен на Нетфликс. Главната улога во филмот ја има оскаровецот Том Хенкс, кој игра намќор пензионер. Во филмот тој паѓа во депресија по смртта на неговата сопруга и планира да се самоубие. Сепак, неговиот живот добива пресврт кога ќе добие нови соседи, вклучувајќи ја и бремената Марисол.


Филмот, во режија на Марк Фостер, е заснован на бестселерот на Фредрик Бакмен, Човекот наречен Уве, но обожавателите на Том Хенкс останале вчудоневидени откако го гледале филмот што предизвикува солзи.


„Кога вашиот пријател вели ‘Човекот наречен Ото’ е одличен филм, но всушност не сте се потрудиле да го гледате, а потоа ќе се појави на Нетфликс и ќе речете ‘Ох, ќе гогледамтоа’. Размислете двапати, освен ако не ви пречи болката што го крши срцето“, „Се обидував да најдам филм за гледање на Нетфликс, па го избрав ‘Човекот наречен Ото’ во категоријата комедија не знаејќи за што се работи и сега плачам“ , “Плачев толку многу ме боли главата. Бидете љубезни со луѓето кои можат да бидат тешки”, „Го гледав „Човекот наречен Ото’ вчера на Нетфликс и некако ми го скрши срцето, а потоа сето тоа се врати заедно. Колку неверојатно филм, многу плачев“, се само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕВЕ КАКО ПАМЕТНИТЕ ЛУЃЕ ПОСТАВУВААТ ГРАНИЦИ: Користењето на овие 11 фрази никого нема да повреди

Не е лесно да им дадете до знаење на другите до каде можат да одат. …