(ВИДЕО) Колач со ореви и какао: Идеален за оние кои бараат брз рецепт

За совршен колач не ви треба многу.
Потребно е:
2 јајца
2 лажици шеќер
2 лажици брашно
5 лажици мелени ореви
1/2 прашок за пециво
малку цимет
1 лажичка какао
300 мл млеко
2-3 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 пудинг од ванила
1 мала коцка маргарин или путер
преостанати мелени ореви за посипување
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот, се додава брашното просеано со цимет, какао и прашок за пециво. Истурете во помал плех обложен со хартија за печење.
Печете околу 30 минути на 200 степени. За тоа време сварете го пудингот, па кон крајот додадете коцка путер и измешајте.
Покријте да се излади малку. Превртете го колачот наопаку, па одозгора истурете го пудингот и размачкајте го.
Посипете со преостанатите мелени ореви и изладете темелно за да се стегне колачот. Пријатно!


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик на Фондот за културно наследство „Хедли“

Фондот за културно наследство во Југоисточна Европа „Хедли“ го објави вториот повик за непрофитни организации …