(ВИДЕО) Колач со јаболки и ореви: Задоволство за сите генерации!

Едноставен рецепт кој ќе им се допадне на сите во домот…
Потребно е:
3 јајца
3 лажици шеќер
2 лажици брашно
100 гр суво грозје
100 гр мелени ореви
100 мл јогурт
малку цимет
кора од лимон
2 јаболка исечкани на коцки
1 јаболко исечено на кришки
1 прашок за пециво
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот, се додава ренданата кора од лимон, брашното и прашокот за пециво.
Додадете суво грозје, мелени ореви, јогурт и јаболка исечкани на коцки (наросени) со цимет и сè измешајте рамномерно.
Истурете во плех обложен со хартија за печење. По желба одозгора додајте листови јаболко.
Се пече на 200 степени Ц 45 минути. Посипете со шеќер во прав. Пријатно!


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …