(ВИДЕО) Кој е побрз: Porsche Taycan или Harley-Davidson Livewire

Трка на мотоцикл и автомобил.
Taycan ја носи спортската ДНК на Porsche во ерата на електричните автомобили, каде што ќе се натпреварува пред се и најважно со Tesla Model S.
Адутот на Porsche во најмоќната верзија на Turbo S развива 761 КС и 1.050 Nm максимален вртежен момент.
Taycan Turbo S забрзува од 0-100 км на час за само 2,6 секунди, од место до 200 км на час за 9,8 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 260 км на час.
Во 2019 година, Харли-Дејвидсон го претстави својот прв електричен мотор LiveWire, кој се издвојува со импресивната динамична изведба, напредната технологија и ексклузивниот изглед кој има карактер неразделен од остатокот на марката.
LiveWire се пали со едноставно вртење на гасот и благодарение на оптимизираниот центар на гравитација, цврстата алуминиумска рамка и прилагодливата суспензија, има супериорно управување.
Благодарение на неговите исклучителни возни карактеристики и резерва на енергија за 235 километри помеѓу две полнења, овој мотор е идеален за урбаната средина.
Овој Харли-Дејвидсон е опремен со ДЦ технологија за брзо полнење така што за батеријата 0-80 процентиго полни својот капацитет за 40 минути, и до 100% за 60 минути.
Погонската единица HD Revelation е способна за моментално развивање на потребниот вртежен момент. Моторот забрзува од 0-100 км на час за три секунди, а од 100 на 129 км на час пристигнува за 1,9 секунди.
Кој бил побрз?


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Супер-големи телевизори: центар на забава во вашиот дом

Супер-големите телевизори се совршени за сите кои бараат врвна слика и впечатлив дизајн, кои истовремено …