Еден од најважните сегменти во животот на повеќето луѓе е љубовта и емотивната заедница. А таму каде што има двајца, за кратко време се појавува трето лице и настанува драма.
Лорен ЛаРусо, специјалист за неверство и обучен терапевт кој им помага на поединци и парови да се опорават од неверството, објавува информативни и привлечни клипови на Инстаграм на секакви теми за изневерување. Лорен верува дека секоја афера можете да ја искористите како катализатор за подобар живот, а како неверството ќе ви го промени животот зависи од вас.
View this post on Instagram
Во еден од нејзините клипови таа изјавила кои животни настани најчесто му претходат на неверството.
– Вистинско изненадување е кога ќе ве погоди афера во дел од животот каде што никогаш не сте помислиле дека ќе бидете компромитирани или ранливи. Но, може да се најде и пресврт на таа временска линија на нашите животи.
View this post on Instagram
Изневерувањето често доаѓа по значајни настани во животот на парот, како што се:
– Средба со стари пријатели од средно училиште
– Раѓањето на првото или второто дете
– Напредување во кариерата
– Празно гнездо (момент кога децата започнуваат самостоен живот)
– Смрт на родители или близок роднина
– Сериозна здравствена дијагноза
– Финансиски проблеми
– Пензионирање
View this post on Instagram
А зошто?
Важните животни настани предизвикуваат инстинктивна желба да се потврди животот, сопствениот идентитет и виталност. Ранливоста во моментот на промени во животот, промените на улогите и загубите и стравот за преживување може да укажуваат на внатрешни егзистенцијални промени. Како и нагонот да се одговори на прашањата: Кој сум јас? Што сакам? Дали е тоа тоа?“, пишува Лорен во нејзината објава.
Фото: Принтскрин/Instagram