Иако од премиерата на култниот „Титаник“ минале повеќе од дваесет години, филмот и се’ во врска со него и понатаму им се многу интересни на милиони луѓе ширум светот.
Откако режисерот, неодамна, објаснил зошто Џек не и се придружил на Роуз на вратата и така си го спаси животот, сега главната глумица окрила кој холивудски глумец бил „во игра“ за главната улога на Џек Даусон.
Кејт Винслет, на Стивен Колберт му дала урнебесно интервју, во кое открила дека на аудицијата играла со Метју МекКонахју, кој сакал да го глуми Џек Даусон, но режисерот сепак се одлучил за Леонардо ДиКаприо.
Убавата глумица открила дека на својот син му го покрила очите за да не ги гледа разголените сцени во филмот,а Колберт, во негов стил, извел и алтернативен крај на филмот во кој „Џек“ сепак се качил на вратата и преживеал.