(ВИДЕО) КАКОВ ДОЧЕК ЗА ЈАНИК СИНЕР НА УС ОПЕН: И’ Новак Ѓоковиќ се појавил на тренингот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер последните неколку дена е во центарот на вниманието на светската јавност, но не поради тенисот, туку поради допинг скандалот. Откриено е дека Италијанецот во март двапати бил позитивен на „клосебол“. Сепак, тој остана неказнет и ќе настапи на УС Опен и дознал за потенцијалните ривали.
Многумина чекаа да видат како ќе биде пречекан Италијанецот на УС Опен.
Таа вест го потресе светот на тенисот, а многу играчи се побунија, поради тоа што Синер беше ослободен од секаква казна, а, од друга страна, публиката го пречека со голем аплауз во Њујорк.
Не беше пречекан негативно, напротив. Како ништо да не се случило, па лесно можел да тренира против Григор Димитров.
Јаник Синер првиот тренинг го одработил на стадионот „Артур Еш“, каде што дошле да го видат голем број на гледачи.
Италијанскиот тенисер Синер по тренингот долго време давал автограми, потпишувал топкчиња и се фотографирал со навивачите.


Случајно или не, Синер се сретнал и со Новак Ѓоковиќ. Новак немаше да биде Новак ако не беше првиот што му пријде и го поздрави актуелниот рекет број еден во светот, а потоа брзо продолжи со својата рутина.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест тивки знаци дека вашето тело може да биде во голема неволја

Вашето тело дури знае и како да сигнализира дека нешто не е во ред со …