(ВИДЕО) КАКО ДИЛЕРИ НА ДРОГА СПАСИЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Во полициска брканица се превртел патролниот чамец а потоа круимчарите со дрога помогнале – но потоа, приказната нема баш среќен крај!

Тројцата шпански полицајци кои паднале во море откако нивниот брод се превртел за време на потерата по дилери на дрога, на крајот биле спасени од самите шверцери на дрога, кои биле бркани од полицајците.
Неочекуваното спасување дошло кога полицискиот брод бркал глисер со четворица осомничени шверцери со дрога надвор во водите кај јужниот брег на Шпанија, но во еден момент ситуацијата излегла од контрола.



Судир на глисери

„За време на потерата се судрија две чамци, после што полицајците завршија во морето. Ситуацијата беше прилично драматична и полициските службеници увидоа дека доколку не добијат помош, ќе завршат лошо. Затоа, користејќи мегафон, полицајците побарале помош од хеликоптерот кој ги следел“, открила полицијата. Шверцерите на дрога наскоро им помогнале на полицијата за да ги спасат своите животи.


После помошта следи апсење
Но, ако мислевте дека потоа приказната имаше среќен крај за дилерите, сосема грешите. Тоа не им помогнало на шверцерите кои биле уапсени откако полицијата пронашла три тони дрога во водата недалеку од нив. Сепак, веројатно е дека оваа помош за полициските службеници ќе им биде од мала помош во судењето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 најсреќни месеци во 2025 година и како најдобро да ги искористите

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …