На 20. јули 1969. година Баз Олдрин се придружил на Нил Армстронг за да стане еден од првите луѓе на Месечината. Тоа е подвиг за кој поголемиот дел од популацијата може само да сонува.
Но, ако го прашате овој теоретичар на завера дали Олдрин всушност бил на Месечината или на филмски сет, тој ќе каже дека мисијата Аполо 11 никогаш не се случила.
Секако, секој има право на свое мислење, но ако сакате директно да обвините еден од светските херои дека не е тоа – ударот во лице е мала цена која ќе платите. Познатиот теоретичар на завери, Барт Сибрел, тоа го дознал на потежок начин.
Во 2002. година Сибрел се соочил со Олдрин и го обвинил дека лаже дека одел по Месечината. „Можеш ли да се тргнеш од мене?“, го прашал Олдрин. После размена на неколку зборови Сибрел го нарекол Олдрин кукавица и лажго. Олдрин повторно го замолил да се тргне од него, а кога овој не го послушал се случило ова:

Remember the time Buzz Aldrin punched a guy who said he didn't walk on the moon pic.twitter.com/OSuRRkz5GL
— Colin Jones (@colinjones) July 4, 2017
Олдрин не бил обвинет за ударот.