(ВИДЕО) Јоксимовиќ го поддржал Ѓоковиќ и компонирал оро за него: „Правец кон Евровизија“


Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ по мечот со Руне им се обрати на грубите навивачи кои го испровоцираа, а неговиот говор е главна тема во светот на тенисот.
„За сите навивачи кои останаа, имам голема почит што се тука. На сите оние кои избраа да не ја почитуваат играта и играчите, им посакувам дооооообра ноќ, доообра ноќ“, одговори Ѓоковиќ правејќи гримаси на лицето.
Неговото обраќање стана вирално на социјалните мрежи, а на целата ситуација на својот Инстаграм профил реагираше српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ.
Имено, Јоксимовиќ компонирал „Новаково оро“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Joksimovic (@zzeljko)


„Денес го направив орото на Новак, инспириран од последните случувања. Кој пее, не мисли зло“, напишал пејачот со објавата.
„Правец кон Евровизија“, „Ова е уникатно. Браво Жељко институцијо“, „Драг Жељко, ова веќе стана хит“, „Чиста фантазија“, продолжиле коментарите.


Потсетуваме, новинарот Нуно Маркес-Нури, мислејќи на братот на Новак, Марко, објаснил зошто Новак така реагирал.
„Тој е лут затоа што неговите деца се во публиката и не трпи непочитување пред нив. Мојот извор е директно Марко Ѓоковиќ“, напишал Нури на Твитер.
Ривал на Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон требаше да биде Австралиецот, Алекс Де Минаур (АТП:9), но тој поради повреда се повлече од турнирот па Новак утре во полуфиналето ќе игра со Музети..

Фoтo: Монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …