(ВИДЕО) Јапонски полицаец танцува додека го регулира сообраќајот, дали и Скопје може да има слична атракција?

И’ денес има луѓе кои оваа монотона работа ја претвораат во забава.
Иако семафорите одамна го заменија сообраќајот на раскрсниците, во одредени ситуации сепак е неопходно да се вклучат „живи луѓе“ во регулирањето на движењето на возилата. Тие се спас во случај на голем сообраќаен метеж или ако електрониката не успее.
Повеќето луѓе ја работат оваа монотона, но одговорна работа на горе-долу ист начин, но има и креативни кои ја разбиваат секојдневната монотонија за себе и за другите.
Најдовме еден од нив во Јапонија. Овој сообраќаец не само што внесол динамика во една инаку статична работа, туку и смислил своја кореографија за танц:


Неодамна бевме сведоци на голем сообраќаен метеж во Скопје, кога не работеа семафорите. Можеби од Градот треба да размислат за повторно воведување сообраќајци кои „ќе функционираат“ во големите сообраќајни гужви. Веројатно секој нема да може да биде како јапонскиот сообраќаец од видеото, бидејќи таквите луѓе се уникатни, но сепак ќе помогне за помалку нервоза кај возачите.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Низ нишките на времето“ – Изложба и уметничка средба

Вечерва во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе имате можност да …