(ВИДЕО) Ја прицврстил со ленти – Педро ја спасил својата куќа од ураган со необична идеја: Познато колку го чинело

Педро Касарес стана сензација на социјалните мрежи и се најде на насловните страници низ светот за начинот на кој ја заштитил својата куќа од ураганот Милтон, користејќи ленти вредни 22.000 долари.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Ant La (@antlasworld)


Педро Касарес од Орландо имал идеја да го заштити својот семеен дом со големи ремени што се користат за држење контејнери за транспорт на брод, во обид да спречи голема штета додека невремето ја зафати областа.
Фотографијата од куќата со прикачените ленти стана вирална, а и покрај скептицизмот на многумина на социјалните мрежи, планирањето на Касарес го спасило неговиот дом од дополнителна штета.


Огромни пластични ленти биле прикачени на куките на земјата за да не се подигне покривот додека невремето ја погоди областа. Касарес потрошил 22.000 долари на цементни сидра и ленти по нарачка.
Овие мерки на претпазливост дошле откако семејството претрпело ураган додека живеело во Гуајнабо на карипскиот остров, кога алуминиумскиот покрив од нивниот дом за малку ќе одлетал.

@simplyuniquesmiles93 This is my father home that went Viral from strapping it down. We’re from Guaynabo, PR and from previous experience with hurricanes this will be our secobd time using the straps but on a stronger hurricane. May Gob be with everyone and stay tuned for the aftermath🙏 Thank you again for the prayers and support ❤️ #HurricaneMilton#Orlando#CentralFlorida🏠#homedepot#acehardware#lowes#cargostrap ♬ Suspense, horror, piano and music box – takaya

Ќерката на Касарес, Рајс ја снимила ситуацијата во дворот и надвор од куќата по ураганот каде покажала дека нема поголема штета.
Рајс нагласила дека нејзиниот татко нема намера да ги отстрани лентите бидејќи сезоната на урагани сè уште трае.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …