Во 21 век, достапни се домашни ДНК тестови за да се утврди нечие сродство и потекло. Сепак, понекогаш, освен што се интересни, овие тестови можат да ни откријат и многу полоши работи, како што се уверила една девојка која ја кажала својата исповед на ТикТок.
Кејт Мекдоналд открила како нејзиниот татко пред неколку години решил на целото семејство за Божиќ да подари ДНК тестирање на неговите предци.
Таа го направила тестот и се изненадила кога открила дека воопшто не е Ирка, како што мислела, туку дека 75 проценти е Норвежанка, а останатокот Германка и Британка.
„Целиот живот се сметав за Ирка затоа што презимето ми е Мекдоналд, а косата ми е портокалова“, рекла таа, но вистинскиот шок допрва следел.
Открила дека нејзиниот татко всушност не бил нејзин биолошки татко, па во паника ги повикала тетките и мајката, која била единствената која не била изненадена.
Наскоро дознала дека нејзиниот биолошки татко бил стар семеен пријател, инаку директор на голема компанија кој веќе има три ќерки. Возела низ половина држава за да го запознае, но кога слушнал кој дошол во неговата канцеларија, тој одбил да ја прими.
„Се обидов да му дадам писмо а сè што сакав да му кажам е „благодарам“ затоа што сум среќна што сум воопшто жива“, рекла таа.
@fretlessfeline#stitch with @meezersqueezer This is the first time I have said this on the internet and my soul just sighed. #fyp #Ancestry #ancestrydna
Нејзиното видео на ТикТок е прегледано повеќе од 3,6 милиони пати и предизвикало бројни реакции.
„Татко ти сигурно знаеше нешто затоа што не му даваш ДНК тест на целото семејство ако не се сомневаш во нешто“, е еден од коментарите.
Foto: Принтскрин/TikTok/fretlessfeline