(ВИДЕО) ИСКРЕНОСТ ИЛИ НЕШТО ДРУГО? – „НЕ ЈА ПЕАМ, АМА Е НАЈДОБРА“: Здравко Чолиќ открил зошто никогаш не ја изведува песната што му ја напишал Ѓоле Балашевиќ


Ѓорѓе ја напишал и ја посветил песната на својата сопруга, го натерал Здравко да ја сними, а сега Чолиќ открил дека ова е најдобрата песна во неговата повеќе децениска кариера.
Познато е дека Ѓорѓе Балашевиќ имал многу успешна соработка со легендарниот Здравко Чолиќ низ годините, а еден од плодовите на таа соработка е песната што многумина ја нарекуваат најубавата балада во кариерата на Чола.

Станува збор за песната „Сочувај ме Боже од нејзината љубов“, емотивна балада што Чолиќ ја издвојува како своја омилена.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Еден на Еден (@edennaeden)


Здравко Чолиќ неодамна потврди дека ја смета оваа песна за најубавата што некогаш ја снимил.
– Песната што не ја пеам, а е најдобра, ја напиша Ѓорѓе Балашевиќ. Слушнете ја песната „Сочувај ме Боже од нејзината љубов“. Тоа е она што Ѓорѓе го напиша за својата сопруга. Секој маж може да ја напише таа песна за својата сопруга. Нема подобра песна што некогаш сум ја испеал – рекол Чола, а потоа открил зошто не ја пее на концерти.

– Не ја пеам на концерти затоа што кога ја пееш таа песна на концерт, после тоа можеш едноставно да си одиш дома и да спиеш – рекол Чола неодамна во интервју за македонските медиуми.
Ви го донесуваме видеото од концертот на Здравко Чолиќ во Пула во 2008 година, па сами проценете колку славниот пејач е искрен во своето објаснување зошто не ја пее оваа песна на концертите.

Фото: Архива/монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …