(ВИДЕО) Интервју со унгарската режисерка Илдико Ењеди: „Се стопив од среќа кога освоив ‘Златна мечка’ на Берлиналето!“


Унгарската режисерка Илдико Ењеди ја освои наградата за посебен придонес во филмската уметност на фестивалот „Киненова”, кој неодамна се одржа во Скопје. Таа беше и претседател на годинешното жири на фестивалот.

This image has an empty alt attribute; its file name is ildiko.jpg


Истакнатата режисерка повеќе од 30 години снима филмови и освојува награди во Европа, меѓу кои и „Златна мечка” во Берлин за филмот „За телото и душата”, кој потоа беше номиниран и за „Оскар”. Иако со години е во филмскиот свет, Илдико ни призна дека не знае многу за македонската кинематографија.

„Жал ми е, навистина не знам многу за македонските филмови. Деновиве сум во Скопје, го разгледував градот, имав време да се прошетам. Не барав локација за мојот следен филм, но би сакала локалните филмски работници да имаат доволно пари и да прават сопствени филмови за својот град и за својата култура”, рече Ењеди за „Репортер”.


This image has an empty alt attribute; its file name is ildiko-1.png

Првиот филм го сними 1989 година и веднаш ја освои наградата на фестивалот во Кан. Денес ѝ е многу полесно оти во текот на годините ја стекнала почитта на мажите со кои работи. Па вели: „Екипата секогаш ги тестира младите режисери да види дали си ја знаат работата. Тоа е интересна игра во која секогаш сакав да победам, а кога ќе ја добијам нивната почит, да можеме да работиме убаво. Во оваа работа не е само предизвик да се биде жена режисер, туку да се биде режисер од Источна Европа. Не сум воинствен тип, но со мојата работа се обидувам да им ја олеснам работата на идните генерации филмаџии”.


This image has an empty alt attribute; its file name is ildiko-4.jpg

Во муабетот ни раскажа за Холивуд, номинацијата за „Оскар” и дали ја очекувала наградата на Берлиналето, кој е најголемиот филмски фестивал во Европа. Но, и за тоа колку ѝ било тешко да се пробие во светот на мажите, зошто сама ги пишува сценаријата за своите филмови и дали приватниот живот ѝ трпел поради кариерата, колкава поддршка ѝ е сопругот во текот на сите овие години и што најмногу ѝ се допаѓа во Скопје… гледајте го видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=13zadsnc1c8

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРЕД СПЕКТАКУЛАРНИОТ КОНЦЕРТ ВО ОХРИД Јелена Розга сосема искрено коментирала за нејзината врска со Иван Хуљиќ: „Љубовта е одлична!“

Во април оваа година, Јелена Розга ја потврди својата врска со Иван Хуљиќ, а сега …