(ВИДЕО) „Имав нијанса на кожа како орангутан“! Сакала исончан тен, а сега моли за помош

Лажниот исончан тен за многу луѓе е спас. Поради тоа, можете да добиете прекрасен исончан тен за само неколку моменти, без да мора да се пржите на сонце со часови. Ова звучи одлично, но што се случува кога ќе претерате со кремите за самопотемнување?

@catherinekayrny OMG SEND HELP IM MEANT TO BE GOING ON HOLIDAY 🦧🦧🦧 #funny #faketan #faketandisaster #faketanfail ♬ original sound – Catherine Kay


Оние кои секојдневно користат средства за самопотемнување исто така знаат дека нивното нанесување може да биде многу ризично. За жал, блогерката Кетрин Кеј го дознала тоа.
Имено, таа пред одмнорот со пријателките решила малку да го потемни тенот. Сепак, работите не оделе баш според нејзиниот план и таа покажала што тргнало наопаку на нејзиниот TikTok.
Таа се појавила со безброј различни нијанси на портокал на кожата, а лицето и било најсветло. Нејзините раце изгледале катастрофално.
„Имав иста нијанса како орангутан“, рекла таа.
Нејзиното видео го насловила „Господе, помогни ми“ и за помалку од 24 часа видеото го погледнале околу 245.000 луѓе. После тоа, Кетрин споделила уште едно видео во кое ги открила сите начини на кои се обидела да го откаже ефектот на средството за самопотемнување.
Наскоро нејзините придружници дошле на помош со корисни совети:
„Користев гел детергент за миење и ми се врати тенот за миг“, напишала една тиктокерка, додека други напишале дека јаболков оцет или сок од лимон се добри за отстранување на бојата.
„Исто така ртибав и рибав со ракавица за пилинг, но тоа само ја влоши ситуацијата. Пред тоа нанесував производи за пилинг и хидратација”, рекла блогерката и додала дека никогаш повеќе нема да користи производи за самопотемнување.
Во случај да се најдете во слична ситуација, пожелно е да отидете на стручно мислење кај дерматолог и никогаш да не консумирате препарати „на своја рака“.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утревечер во Театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес ќе биде изведена претставата „Лепа Ангелина“

Во вторник, на 18 февруари, со почеток во 20:00 часот, на сцената на велешкиот театар …