Младиот принц, за прв пат, јавно раскажал детали од неговиот живот…
Принцот Хари раскажал сè за најлошиот период од својот живот, кога ја загуби својата мајка Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997. година.
View this post on Instagram
– Имав волја да пијам и да земам дрога, само за да не се чувствувам како што се чувствував во тој момент. Не пиев од понеделник до петок, но во петок или сабота навечер, ќе испиев за цела недела. Не пиев од задоволство – рекол Хари, додавајќи дека Меган му помогнала да побара помош:
– Не живеев во средина каде што се разговараше за моите чувства, туку сè требаше да се скрие. Секој пат кога носев костум и вратоврска, морав да ја играм својата улога, што предизвикуваше напади на паника, потење, срцето ми чукаше побрзо … Периодот од 28-та до 32-та година од животот беше вистински кошмар – додал Хари.
View this post on Instagram
Хари и рекол на Опра дека бил на терапија и дека никогаш не одговорил дека е среќен или тажен, туку само дека е добро.
Тој исто така открил дека во тој период, кога би влегоувал во автомобилот или би видел камера, ќе добиел напади на паника.
Фото: Принтскрин/Youtube/#TheMeYouCantSee #Trailer #AppleTV