(ВИДЕО) Им ги олеснуваат операциите на децата: Со автомобилчиња до салата!


Болницата The Doctors Medical Center во Калифорнија набавила два автомобили на далечинско управување.
Нивните малечки пациенти во автомобилчиња самите се возат до операционата сала, што го намалува стресот пред оперативните зафати.
„Гледаме дека стресот и стравот исчезнуваат штом влезат во автомобилчето“, пишува на страната на Фејсбук. На објавеното видео се гледа девојче како весело со автомобилчето оди во салата за операции.
Првиот автомобил со црна боја го купиле со средства од болницата, минатата година,а вториот го примиле како донација.


„Розовеиот автомобил е донација на една наша вработена и нејзиното семејство“, појасниле од болницата.
Објавеното видео станал вирален хит а луѓето се восхитуваат на оваа иновативна идеја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …