(ВИДЕО) ИДЕНТИЧНИ БЛИЗНАЧКИ ДЕЛАТ МАЖ: Ги верил истиот ден и сакаат деца со него – „Одлично функционираме!“

АНА и Луси имаат 35. години и се родени како идентични близначки.
Многумина ги нарекуваат единствените близначки на светот кои се сосема исти, а не кријат дека имаат и заеднички вереник. Во една прилика откриле дека никогаш не се разделуваат и дека не можат. Покрај тоа што се облекуваат идентично, Ана и Луси секогаш се тушираат заедно, вршат нужда во исто време, но и го делат својот вереник Бен.
Тројцата се заедно 11. години, секоја вечер спијат во ист кревет, а бидејќи ја снимаат и серијата, гледачите имаат можност да ѕирнат во нивната интимност. За да ја подигнат својата необична врска на повисоко ниво, сестрите се надеваат дека во исто време ќе забременат.
– Никогаш досега не сме направиле тест за бременост. Имаме 35. години и решивме дека сега сакаме деца – изјавила Ана.


Луси додава:
– Мораме да имаме бебиња во исто време. Ќе доживеам срцев удар бидејќи мислам дека Ана би можела да биде бремена а јас не. Попрво би биле и двете бремени отколку само една – одговорила таа.
Минатата година Бен ги запросил близначките, давајќи им два прстени, секој со три дијаманти кои ги симболизираат сите заедно.


Покажувањето на нивната поврзаност на социјалните мрежи предизвикува многу негативни коментари и навреди. Иако повеќето луѓе се згрозени, на близначките не им е грижа.
„Тоа не ни е чудно или необично. Имаме едно момче и сите тројца делиме ист кревет и не обрнуваме внимание на негативни коментари. Ние одлично функционираме“, рекла Луси.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нашето богато културно наследство беше промовирано на еден од најпрестижните саеми за археологија и туризам – 26. Медитеранска берза за туризам и археологија во Пестум Италија

Управата за заштита на културното наследство во рамките на своите активности го промовираше богатото културно …