(ВИДЕО) И излегло „мозолче“ се испоставило дека е РАК! Упорно ги игнорирала овие симптоми

„СЕКОГАШ сум била внимателна на сонце. Но, неколку лоши изгореници од моите тинејџерски денови беа доволни да остават последици”.
Рејчел Оливија (32), млада мајка од Австралија, решила да ја сподели својата приказна и да предупреди за важноста на заштитата од сонце, откако открила дека безопасен „митисер“ на нејзиното чело всушност крие посериозен проблем. Сè започнало со мала црвена точка во близина на линијата на косата, која изгледала како обично мозолче. Но, две години подоцна, тоа место се претворило во голема краста која никогаш не зараснала.
Рејчел отишла кај лекар, кој проблемот го припишал на прекумерното стискање на митесерите. Меѓутоа, состојбата се влошила, па решила да ги послуша своите инстинкти и да побара дополнително мислење. По биопсијата стигнала неочекувана дијагноза: карцином на базалните клетки, вид на рак на кожата.
„Не можев да поверувам“, рекла Рејчел, „отсекогаш сум била внимателна на сонце. Но, неколку лоши изгореници од моите тинејџерски денови беа доволни да остават последици“. За среќа, тоа не било меланом, туку помалку агресивен облик на рак на кожата.

@rachel.olivia_Protect your skin and get it checked if you spot something new!


♬ original sound – Rachel 🍒


Рејчел почнала да се лекува со локална хемотерапија, користејќи крем „Алдара“. Иако неинванзивно,лекувањето не било едноставно. Како мајка на мало бебе, таа морала да биде многу внимателна за да избегне контакт на кремот со детето. „Од естетска перспектива, беше тешко да се види како една мала точка се претвори во нешто толку големо“, признала Рејчел.

@rachel.olivia_ Replying to @belle ♬ original sound – Rachel 🍒


Рејчел својата борба ја документирала на социјалните мрежи, каде што добила огромна поддршка. Нејзината приказна поттикнала многумина да си ја проверат кожата.
Рејчел се надева дека нејзината приказна ќе ги поттикне луѓето да се заштитат од сонцето и да прават редовни проверки на кожата. Една недела по завршувањето на третманот, таа споделила дека процесот на заздравување е во тек. Крастата е сеуште присутна, но се очекува целосно закрепнување со можна мала лузна.
„Благодарна сум што го послушав мојот инстинкт“, рекла Рејчел и додала: „Мојата приказна може да спаси нечиј живот. Затоа секогаш користете крема за сончање и не ги игнорирајте промените на кожата“.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …