(ВИДЕО) Гостувал на CBS – Ибрахимовиќ бил прашан колку јазици зборува, погледнете што одговорил славниот Швеѓанец

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ гостувал во емисија на американската телевизија CBS заедно со фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ.
Ибрахимовиќ ил прашан колку јазици зборува, а тој ги импресионирал водителките со изјавата дека зборува пет јазици.
Исто така, тој привлекол внимание на овие простори со тоа што зборува „југословенски“, кој всушност никогаш не постоел под тоа име.


„Зборувам пет-шест јазици. Кога бев млад се преселив во Холандија, па научив холандски, а говорам и шведски, англиски, југословенски, италијански и малку шпански“, рекол Ибрахимовиќ.
Таткото на Ибрахимовиќ, Шефик, е од Босна и Херцеговина, а неговата мајка Јурка е од Хрватска, додека тој е роден во Малме, Шведска, за која настапуваше.
Во својата кариера играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Ибрахимовиќ се пензионираше во 2023 година и ја презеде улогата на советник во Милано.

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …