(ВИДЕО) Ѓоко Јовиќ летово ќе „бомбардира” со нови песни: Слушнете ја неговата најнова “Магија”

Не поминаа ниту два месеци кога популарниот пејач и миленик на публиката, Ѓоко Јовиќ ја промовираше песната „Незаборавна”, а тој денеска на социјалните мрежи објави уште еден нов музички проект.


Станува збор за нова песна со наслов „Магија”, на која исто како и на претходната и на многу други негови песни, како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски.
Очигледно тимот кој победува, не се менува, па токму поради тоа Јовиќ целата доверба ја довери на познатиот братско-сестрински тандем.



„Мислам дека заедно со Лазар и Магдалена избравме одлична песна. Но, пред да решиме да ја објавиме, ‘амин’ барав и од моите деца, поточно ќерката Теодора и синот Михаил, бидејќи тие двајца се сега моите најголеми критичари” – низ шега вели Ѓоко.
Инаку како и за останатите, така и за оваа песна Ѓоко со својот тим од соработници сними уште еден видеоспот. Поточно дел од кадрите се снимени во Австралија, а пак дел во нашата Македонија….


Но, тоа не е сѐ, веќе се кројат плановите и за следната негова песна која исто така ќе биде промовирана за многу брзо време.
Со други зборови, многубројната публика на Јовиќ летово ќе ужива и ќе се изнаслуша многу негова нова музика…
А сега уживајте во “Магија”:


Р.Е.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Какво време не очекува денес и утре

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес, како и утре (понеделник) во Македонија очекуваме постабилна атмосфера, …