Мажот кој бил пронајден како лебди на фрижидер на десетици километри од брегот на заливот на Флорида, бил спасен благодарение на припадниците на крајбрежната стража на Соединетите држави.
Екипажот на хеликоптерот Air Station Miami 65 спасил маж кој се наоѓал на околу 50 километри од Longboat Key, град долж централно-западниот брег на државата.
#Breaking An @USCG Air Station Miami 65 helicopter crew rescued a man clinging to a cooler approximately 30 mi. off Longboat Key.
The man was taken to Tampa General Hospital for medical care.
Sector St. Pete lost communications w/ the man at approx. 6:45 p.m., Wed. #SAR pic.twitter.com/64wSHuRAeH
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) October 10, 2024
Крајбрежната стража соопштила дека биле во контакт со човекот во средата навечер, неколку часа пред ураганот Милтон да стаса на копно, но изгубиле контакт со него во 18:45 часот по средноевропско време.
„Овој човек преживеа нешто што не е можно ниту во најлудите сценарија“, изјавил потполковникот на крајбрежната стража.
Како што додал потполковникот Ден Грејди, човекот, кој лебдел на фрижидерот, преживеал благодарение на појасот за спасување, а на отворен океан наишол на ветрови со брзина од 90 километри на час.
Милиони жители во регионот добиле наредба да се евакуираат, а луѓето од почетокот на неделата се преселиле во центрите за евакуација. Некои заедници на патот на Милтон сè уште се опоравуваат од ефектите на ураганот Хелена, кој опустоши од Флорида до Вирџинија кон крајот на септември. ДеСантис изјавил дека, според првичните проценки, последиците од Милтон би требало да бидат помали од оние на Хелена.
Соединетите Американски Држави минуваат низ исклучително драматична сезона на урагани оваа година, бидејќи пет урагани го погодија американското копно од почетокот на летото. Според климатолозите, заканата од урагани се влошува поради климатските промени предизвикани од согорувањето на фосилните горива. Тие предупредуваат дека овие бури ќе станат посилни и ќе донесат повеќе врнежи.
Фото: Принтскрин/