Неколку едноставни чекори кои ги направила една 90-годишна баба и помогнале на инфлуенсерката да се избори со брчките, а таа со задоволство ги споделила советите на својата баба со другите.
Во денешно време меѓу козметичките производи можете да најдете речиси се, дури и работи на кои никогаш не би помислиле. За сите љубители на производи кои ги спречуваат брчките, го затегнуваат лицето, го измазнуваат тенот, ги намалуваат темните кругови… има неколку производители кои се чини дека се натпреваруваат месец по месец да смислат нешто ново.
View this post on Instagram
Се чини дека сите жени имаат иста цел – да се ослободат од брчките и првите знаци на стареење.
Сепак, козметиката често може да биде многу скапа, па ако сè уште не сте сигурни дали трошењето пари на производ што можеби сè уште не сте го пробале е најдобрата одлука во овој момент, можеби треба да ја послушате инфлуенсерката Сара Палмира, која ги споделила советите на баба и за Инстаграм и TikTok.
Овие 5 чекори нема да ве чинат ни пара, а нејзините следбеници се воодушевени од резултатите.
1. Секогаш чистете го лицето пред спиење.
Колку и да го мразите тоа, погрижете се да го исчистите лицето пред спиење – и секогаш правете го тоа.
Сара објаснила дека нејзината баба прво ја отстранува шминката од очите, потоа нанесува млеко за чистење, а потоа тоник.
2. Измијте го лицето со тоник
Откако ќе ја отстраните шминката и нечистотијата, време е да го исплакнете лицето со тоник.
„Таа отсекогаш веруваше дека миењето на лицето со вода може да и направи пилинг на кожата, па наместо тоа со децении го користи истиот тоник“, објаснила Сара.
View this post on Instagram
3. И на критичните места и на лицето
Нејзината баба сите козметички производи кои ги нанесува на лицето ги нанесува на вратот, деколтето и рацете, со што спречува создавање на брчки на тие подрачја.
4. Техника за нанесување на производот
Третиот, а можеби и најдобриот совет за убавина се однесува на вистинската примена на производот. Деведесетгодишната баба ја користи техниката на триење и штипкање, или нежно се штипка околу вратот и лицето за да ја подобри циркулацијата.
„Баба секогаш користи нежни движења нагоре кога ги нанесува производите, но секое утро го штипка вратот за да ја подобри циркулацијата“, рекла Сара.
View this post on Instagram
5. Не излегувајте од дома без две работи
Како што истакнува Сара, нејзината баба никогаш, ама баш никогаш не излегува од дома без очила за сонце, бидејќи заштитата од штетните УВ зраци е неопходна за убавината. Исто така, користете производи со SPF заштита.
„Да изгледаш младо е кул, но оваа жена генерално изгледа толку здраво за нејзината возраст“, коментираат луѓето на TikTok, не престанувајќи да се воодушевуваат.
Фото: Принтскрин/Instagram