(ВИДЕО)  Глетката на Шпанецот и неговиот син ГО ВООДУШЕВИ СВЕТОТ, па му пишуваат дека ниту еден колега не може да го надмине во РОДИТЕЛСТВОТО

Рафаел Надал веќе подолго време е сенка на поранешниот врвен тенисер. Годините, стилот на игра, исцрпеноста и повредите се чини дека го земаат данокот на шпанскиот „крал наземја“, а по убедливиот пораз од Новак Ѓоковиќ во 2. коло на олимпискиот турнир во Париз, тој се повлече од последниот Грен слем на сезона – УС Опен. И секако не му е лесно да се помири со фактот дека најдобрите денови и најголемите успеси се во минатото, а неговите професионални рани секако ги гледа неговото семејство – сопругата Циска и синот Рафаел Јуниор.

И токму тоа е причината поради која Рафаел Надал повторно се врати во центарот на вниманието на јавноста. Иако одамна не сме го виделе целосно среќен на теренот, снимката на која игра со својот двегодишен син целосно ја воодушеви светската јавност, а особено неговите обожаватели, кои не можеа а да не забележат колку е исполнет шпанскиот тенисер кога е во друштво на својот наследник.


Рафаел Јуниор сјае од среќа додека си игра со својот татко
Имено, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) се појави видео на кое гледаме како познатиот тенисер и освојувач на 22 Грен слем титули се гушка со својот син, а потоа го крева, го врти, го гушка и бакнува, и малиот Рафаел Јуниор прифаќа сè со широка насмевка, подеднакво среќен што има можност да се дружи со својот татко.


Во коментарите сите беа повеќе од воодушевени, па го опсипаа Шпанецот со комплименти, а имаа само убави зборови за сцената на љубов меѓу таткото и синот.
Коментарот кој, сепак, се издвои меѓу многуте добиени пофалби, е оној во кој пишува дека „ова е доказ дека Рафаел Надал е најдобриот татко меѓу тенисерите“, кој веројатно дојде од некој кој е жесток љубител на „Бикот од Мајорка“ и некогаш најдобар играч на планетата во белиот спорт.

Синот на Надал наскоро ќе наполни две години
Да потсетиме, Рафаел Надал и неговата избраничка Чиска Перељо добија син на 8 октомври 2022 година. Тоа е прво дете на популарната двојка, а Чиска го роди наследникот во Палма де Мајорка, по одредени компликации за време на бременоста, поради кои три месеци пред породувањето е примена во болница, за да можат лекарите да ја следат нејзината состојба детално за, евентуално, навремена реакција на потенцијалните проблеми.
За среќа, се се заврши добро, а тенисерот и неговата сопруга видно уживаат во семејството, додека нивниот син се почесто можеме да го гледаме на трибините кога игра тато.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …