(ВИДЕО) Ги обележала со боја – Приказна со среќен крај: Девојка ги пуштила коњите пред ураганот Милтон, преживеале сите 17

Ураганот Милтон го принуди населението на Флорида да се справи и заштити на сите начини.
Милиони луѓе ги напуштија своите домови, а на социјалните мрежи кружат многу необични приказни, како напуштено, врзано куче спасено од полицијата и оние кои својата куќа ја обезбедувале со „даски“ за да ја заштитат.
Тажната разделба на девојката и нејзините коњи е снимена пред пристигнувањето на ураганот, а ова видео на TikTok има повеќе од 30 милиони прегледи.

@southern.belle._ Please keep our families and fur babies in your prayers🥹 #hurricanemilton ♬ Rescue – Lauren Daigle


Свесна дека на отворено имаат поголеми шанси за преживување, девојката ги обележала коњите со спреј и ги пуштила да излезат од шталата. Таа снимила тажно збогување со коњите, мислејќи дека можеби нема да ги види повторно, а снимката ги растажи нејзините следбеници на TikTok.
По ураганот таа објавила ново видео во кое ги покажала сите штети нанесени на нејзиниот имот, како и повторното обединување со коњите.

@southern.belle._ We are beyond blessed, thank you so much for the love and prayers sent our way❤️✝️ I put my cash app in my bio…For anyone that would like to contribute to repairs here on the farm #hurricanemilton ♬ original sound – southern.belle._


Како што нагласила, сите се здрави и среќни, а на своите следбеници им се заблагодарила за поддршката што и ја испратиле.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Се заљубуваме во оние кои треба да ни помогнат духовно да растеме

Самата душа ги наоѓа овие луѓе и покрај нашиот здрав разум. Животот го прави она …