(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) Дваесет години од „Титаник“: Безвременска љубовна приказна!

Со заработка од околу 2,2. милијарди долари и 11. освоени Оскари бил најуспешен филм на сите времиња, додека во 2009. година не го претекнал „Аватар“, повторно во режија на Џејмс Камерон
Делум елегија на прекинатата младост, а делум ода на возвишена љубов, филмскиот „блокбастер“, „Титаник“ и’ 20. години по снимањето воодушевува нови генерации фанови.
Во вторник (19. декември) ќе се навршат две децении откако гледачите првпат виделе како Роуз не успеала да го одржи ветувањето дадено на Џек „дека никогаш нема да го пушти“ и на смрт премрзнатиот љубовник го препуштила на неговиот „воден гроб“, предизвикувајќи глобално плачење во киносалите.
Годишнината е одбележана со бројни прикажувања ширум САД, а гледачите и понатаму тагуваат на судбината на младите љубовници во интерпретација на Леонардо ДиКаприо (43) и Кејт Винслет (42), денес и двајцата оскаровци од холивудската А листа.
„Приказната за ’Титаник’ има вонвременски квалитет. Изгледа дека живее вон нашето секојдневие и тоа не фрустрира“ рекол по повод годишнината режисерот Џејмс Камерон (63).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СОБРАЛА КОМПЛИМЕНТИ – Шерон Стоун во долна облека ја пресоздала легендарната сцена од „Сурови страсти“

Шерон Стоун ја пресоздала својата легендарна сцена од филмот „Сурови страсти“ облечена во долна облека …