Софи Џеј Андерсен нашла позитивна страна на проблемот со фрлање храна – сега таа ги добива сите намирници бесплатно.
Софи Џеј Андерсен почнала да „нурка во контејнери“ додека живеела во Сиднеј. Отпрвин земала свежа храна само од специјални канти, но набрзо сфатила дека може да најде се што и треба.
„Сестра ми ми испрати фотографија од скриеното богатство што го пронашла во контејнерите. Знаев за тоа, но никогаш не мислев на тоа како начин да си обезбедам храна”, рекла таа.
Таа отишла со пријателка да истражува контејнери од супермаркети во Сиднеј и веднаш се „навлекла“. Тие нашле многу зеленчук, и иако Софи отсекогаш можела да си дозволи храна, таа сфатила дека ова е многу исплатлив начин да ги наполни нејзините полици.
„Тоа секогаш беа контејнери на супермаркети. Никогаш позади ресторани или приватни домови, бидејќи тоа може да биде нелегално, во зависност од тоа каде живеете. Она што го најдов беше неверојатно. Беше полно со храна – на некои од нив беше изминат рокот, но многу сè уште беше свежо. За мене, тоа беше лов на богатство, брзо сфатив дека има толку многу добра храна во контејнерите што не морав повеќе да пазарувам“, рекла Софи.
„Позади супермаркетот имаше буквално два контејнери полни со спакувана храна – пилешко, замрзнати пици и пијалоци. Еднаш најдовме 300 лименки диетална кока-кола уште во кутии, а видовме и цела кутија со пијалоци кои беа фрлени затоа што само едно шише е оштетено. Тоа е претежно храна на која рокот и поминал пред ден-два“, рекла таа.
Софи продолжила да бара низ контејнери и откако се вратила во Данска во 2022 година, купувала само неопходни работи како тоалетна хартија, детергент за миење садови и паста за заби – потрошувајќи само 100 долари во супермаркетите минатата година. Земајќи храна која инаку би завршила на депонии, Софи заштедува илјадници долари годишно и тие пари ги користи за патување.
„Парите што ги заштедувам ми овозможуваат слобода да патувам. Трошам многу на посета на пријатели ширум светот“, рекла Софи, која ги посетила Кенија, Аргентина, Италија, Шпанија и Дубаи во последните четири години.
„Тоа исто така ми овозможува да работам помалку. Работам само три дена во неделата. ‘Нуркањето’ во контејнери ми дава слобода да инвестирам повеќе во работите што ги сакам“.
Таа толку многу го сака овој начин на добивање храна што во неа го вклучила и своето семејство – родителите, браќата и сестрите, братучедите, па дури и баби и дедовци. И’ кога патуваат, заедно истражуваат контејнери.
„Моите пријатели и колеги во Сиднеј мислеа дека тоа е толку одвратно и не можеа да разберат, но кога им ги покажав сликите и видеата од Инстаграм, тие беа шокирани. Рекоа дека изгледа исто како храната што ја купуваат во супермаркетот. Мојот фрижидер секогаш е полн“, рекла таа, додавајќи дека нејзината мисија за спасување храна еволуирала од лов на богатство во „секојдневен активизам“.
„Сакам да ја подигнам свеста за отпадот од храна, но и за тоа како ние го перципираме – храната може да биде совршено добра дури и ако е со поминат рок или има мала неправилност.
Погледнете каква храна наоѓа Софи:
Фото: Принтскрин/YouTube