Зои Салдана синоќа блесна на црвениот тепих во Лондон и малку е да се каже дека украла добар дел од вниманието на црвениот тепих.
Актерката Зои Салдана синоќа ја доби престижната награда БАФТА за најдобра споредна женска улога за улогата во „Емилија Перез“.
View this post on Instagram
За специјалната пригода таа облекла толку атрактивен, но нималку вулгарен аутфит што го привлекол вниманието на сите.
View this post on Instagram
Станува збор за креација на француската модна куќа „Сент Лоран“ која е специјално скроена за актерката и нејзината голема ноќ во Лондон.
Црниот макси фустан ја истакнал фигурата на познатата актерка, а впечатлив бил и деталот околу нејзините раменици.
Бидејќи самата креација на модната куќа е едноставна и минималистичка, дизајнерите се погрижиле барем еден дел да биде впечатлив.
Сместен е во пределот на рамената, изработен од тул со цврста подлога и ги истакнува женствените раменици на актерката.
Зои својот стајлинг го комплетирала со минимална шминка, едноставни додатоци – ланче и обетки и ретро фризура.
Таа не ја криела возбудата поради добивањето на престижната филмска и ТВ награда, а нејзината блескава насмевка била многу забележлива во текот на целата вечер.
Фото: Принтскрин/Instagram