(ВИДЕО+ФОТО) Враќање на дуото кое ја започна серијата „Лоши момчиња“: Вил Смит во главна улога во уште една акција

По успехот на „Bad Boys: Ride from Die“, Вил Смит работи на повторно поврзување со режисерот кој му помогна да започне со проектот „Bad Boys“ пред речиси 30 години.
Иако договорот сè уште не е завршен, Deadline потврди дека Мајкл Беј е во финални преговори за режија на новиот акционен филм на Нетфликс „Fast and Loose“ во кој Вил Смит ќе ја толкува главната улога. Иако датумот за почеток на снимањето се уште не е познат, проценките се дека филмот најверојатно ќе биде следниот проект за двајцата.
Пред веста за овој проект имаше тврдења дека Смит ќе отсуствува од трилерот „Sugar Bandits“. Токму тоа го навестуваше доаѓањето на новиот и посилен проект „Fast and Loose”“.


Заплетот на филмот следи човек кој се буди во Тихуана и не се сеќава на ништо. Обидувајќи се да се сети барем на дел од својот живот и минато, дознава дека живеел два живота, едниот како криминалец, а другиот како таен агент на ЦИА. Сценариото го напишаа Џон Хобер, Ерих Хобер, Крис Бремнер и Ерик Пирсон.
По филмот „Bad Boys: Ride from Die“ кој во кината ширум светот заработи 400 милиони долари, се проценува дека позитивни резултати ќе донесе и филмот „Fast and Loose“. Ова е исклучително важен проект на Нетфликс, а на самиот почеток идејата за повторно обединување на Смит и Беј изгледала напорна.


Соработката меѓу Смит и Беј започна во 1995 година преку оригиналниот и прв филм „Bad Boys“, кој на двајцата им донесе огромна слава. По уште еден успешен проект, „Bad Boys II“ од 2003 година, Смит и Беј останаа во контакт со желбата за нови заеднички проекти.
„Bay Boys“ е проектот кој ги лансираше Смит и Беј меѓу најуспешните во филмската индустрија. Исто така, Беј го режираше акциониот трилер „Underground“ во 2019 година, кој донесе резултати за пофалба. Неговиот трилер „Ambulance“ од 2022 година е еден од најгледаните акциони филмови.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …