Објавен е трејлерот за „Гладијатор II“, еден од најочекуваните филмови за оваа година. Режисер е Ридли Скот.
Ова продолжение на „Гладијатор“ од 2000 година беше базирано на приказна на Питер Крег и Дејвид Скарпа. Главните улоги ги толкуваат Пол Мескал, Педро Паскал, Кони Нилсен и Дензел Вашингтон.
Приказната го следи Луциј, поранешен наследник на Римската империја, кој станува гладијатор откако римската војска предводена од генералот Маркус Аурелиј го нападнала неговиот дом.
Преговорите за снимањето на продолжението на „Гладијатор“ започнаа уште во 2001 година, а конечно беше објавено во 2018 година. Снимањето траеше од јуни 2023 година до јануари 2024 година, со прекин поради штрајк на филмските работници во Холивуд.
„Гладијатор II“ пристигнува во кината во Велика Британија на 15 ноември оваа година. Во американските кина ќе се прикажува од 22 ноември.
Фoтo: Принтскрин/YouTube