(ВИДЕО+ФОТО) Во Мадрид се наоѓа најубавиот стан на светот: Има 55 квадратни метри, 3 балкони и простор колку што ви сака срцето


Најинтересно од се е што користеле паметни избори и на тој начин добиле евтин и ефикасен мебел…
Стан од 55 квадрати за многумина е мал, но за оние кои знаат паметно да го уредат, таков стан е сосема доволен.
Патриша и Рикардо се брачна двојка и архитекти од Шпанија кои купиле и преуредиле стан во центарот на Мадрид и на тој начин создале еден од најубавите станови во срцето на овој главен град.

Тие користеле огледала за да создадат впечаток на широчина во ходникот, додека повеќето работи биле купени во „Икеа“ или опремени со материјали пронајдени при нивната работа, на различни згради. Така можете да видите трупец со цвеќиња на него или бетонски блок кој има функција на полица за книги.


Кујната е мешавина од дабови кабинети на „Икеа“ и отворени полици и има светилки направени од чинии на „Икеа“ и голема стаклена покривка која дава илузија дека просторот продолжува надвор од неа.

Паметно користејќи го секој милиметар, оваа двојка наполнила се што им треба на 55 квадратни метри. Погледнете само како изгледа нивниот стан и начинот на кој внеле светлина во секој милиметар од овој простор.


 


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …