(ВИДЕО+ФОТО) Вирален хит: Ќерката на Џеј Зи и Бијонсе, кога ги видела голи, „пропаднала во земја“ од срам

За време на концертот на Бијонсе и Џеј Зи во Лондон, кој од првите редови го следела и нивната шестгодишна ќеркичка, биле пуштени секси снимки од спотот за новата песна.Таквото сценарио не и се допаднал на нивната миленичка која не можела да го скрие срамот поради прикажаното…


Ќерката на најпопуларниот музички пар на денешницата, Бијонсе и Џеј Зи, шестгодишната Блу Ајви често доаѓа на концерти на своите родители, чии песни и самата често ги слуша и потпевнува. Како нивен најголем фан и поддршка, малечката од првите редови, во друштво на пријателка и семејството ја следи работата на славните родители,а така било и кога го одржале својот последен сценски настап во Лондон.
Но, еден момент ја уништил семејната идила, а малечката повторно станала ѕвезда на сите таблоиди.

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on


Имено, за време на концертот на големиот екран биле пуштени снимки од спотовите на двајцат музичари, а во една сцена од новиот спот Бијонсе и нејзиниот сопруг се во многу разголени и секси изданија. Посебно Бијонсе која дури изведува и стриптиз за сопругот. Се чини дека славните родители заборавиле дека од публиката ги следи и сопствената ќерка која баш и не е дорасната на вакви содржини.


Реакцијата на малечката Блу Ајви во моментот кога сфатила што се случува е снимена со камера и бргу станала вирален хит. Згрозеното девојче не можело да ги скрие срамот и непријатност од своето лице, а цело време превртувала со очињата и со главата и се спуштала под оградата за да не ги гледа директно сцените со секс од мама и тато.

The cutest Blue Blue at OTRII in London 🖤

A post shared by Blue Ivy Carter (@blueivy.carter) on

Ова не е првпат шестгодишната да ги учи своите родители како да се однесуваат, а тоа можевме да го видиме и на годинешното доделување на наградите Греми кога покажала дека е вистинска малечка шефица. На родителите им сугерирала дека би требало да престанат да аплудираат кога тоа е непримерено и кога целата публика престанала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на грчкиот бенд „The Bonnie Nettles“ во Агора

Вечерва со почеток во 21:30 часот, во кафе барот Агора во Куманово, ќе се одржи …