(ВИДЕО+ФОТО) УАПСЕН ВИЛИЈАМ ЛЕВИ: Актерот обвинет за насилничко однесување и пијанство во јавност – веднаш се огласил и ја споделил својата страна од приказната


На Вилијам Леви му било наредено да плати кауција од 500 долари за да остане на слобода…
Актерот Вилијам Леви е уапсен на Флорида затоа што бил пијан и правел нереди. Веста за овој скандал ја обиколи планетата со голема брзина, бидејќи драмскиот уметник е познат како миленик на жените.


Ѕвездата на „Single Moms Club“, познат како „Кубанскиот Бред Пит“, била уапсена во понеделникот во округот Бровард.

Вилијам Леви бил ослободен откако платил кауција од 500 долари. Тој се соочувал со обвиненија за јавно пијанство и насилничко однесување. Откако го напуштил притворот, каде што ја поминал ноќта, Леви ги дал првите јавни коментари за ситуацијата.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Julia Meza (@juliameza_ybye)

Иако ги држел работите нејасни, тој ги демантирал гласините дека физички нападнал вработен во ресторан:
– Цело време се трудев да останам смирен. На крајот јас бев тој што мораше да замине – изјавил тој.
На прашањето за обвинението за прекршување, тој додач:
– Па, мораа да ме уапсат за нешто.
Актерот демантирал и дека целата работа започнала затоа што одбил да ја плати сметката:
– Не, не, секако дека не.
Тој останал оптимист за ноќта помината во притвор, шегувајќи се.
– Беше нормално, нормално. Не знам дали стекнав големи пријатели, но запознав некои нови луѓе.


Ова не е прв пат Леви да има проблеми со законот. Во октомври 2023 година, полицијата била повикана во неговиот дом по жестока расправија со тогашната партнерка Елизабет Гутиерез. Тој инцидент наводно вклучувал прекумерна употреба на алкохол.

Фото:  Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …