Том Хенкс важи за холивудски ветеран, но малкумина знаат низ каква агонија поминал овој актер…
Том Хенкс пред неколку години во емисијата на Дејвид Летерман ги открил деталите за својата болест, а неодамна објаснил како неговиот невнимателен начин на живот го довел до дијабетес.
View this post on Instagram
„Јас сум дел од мрзливата американска генерација која танцуваше слепо на забавата и сега е болна“, рекол Хенкс. „Бев тежок. Ме гледавте во филмовите и знаете како изгледав. Бев целосен идиот“.
Актерот објаснил дека се обидел да се храни поздраво правејќи мали промени, но тоа не му го решило проблемот.
View this post on Instagram
„Мислев дека би можел да го избегнам ова ако ја отстранам земичката од чизбургерот. Но, потребно е малку повеќе од тоа. Мојот доктор вели дека ако стигнам до саканата тежина, можам да се излечам од дијабетес тип 2″, открил легендарен актер.
Оттогаш Том многу ослабел, додека многумина велеа дека најверојатно се подготвува за некоја улога, други ја пренесоа приказната за неговата болест. Но, до денес, Хенкс не се изјаснил за ова прашање.
Фото: Принтскрин/Instagram