(ВИДЕО+ФОТО) ТАА ИМА 40, ТОЈ Е ДВОЈНО ПОМЛАД! СУЛТАНИЈАТА ХУРЕМ БЛЕСКА: Коментарите се редат – „Како да ти е син, бадијала целата пластика…“

Мерјем Узерли игра во новата серија „RU“ со многу помладиот Бурак Берки Агкул.
Мерјем Узерли, која се прослави како султанијата Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, повторно е во центарот на медиумското внимание благодарение на нејзиниот нов проект.
Станува збор за серијата „RU“, во која таа ја игра Рејан, жена која има 38 години и се заљубува во Узер, момче кое има само 18. Тие двајца доживуваат голема романса во мало гратче на брегот на Егејско Море.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem)


Само што завршила со фестивалот во Кан и „лансирањето“ на серијата, ја чека снимањето на нова реклама за светски бренд. „Сега читам нови сценарија и барам улога за која ќе почувствувам дека најмногу ми одговара“, објаснува Мерјем.


За последната улога добила многу пофалби, но има и критики за нејзиниот изглед кој е „впечатливо вештачки“ покрај нејзиниот многу помлад колега Бурак Беркеи Агкул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Berkay (@burakberkayakgul)

„Изгледа како да е постара од него 20-30 години“, „како да е нејзин син“, „целата оваа пластика не и вреди ништо, поприродна беше поубава“, се коментарите на фановите кои веќе се заинтригирани од врската меѓу Мерјем и Бурак.

Познатата „султанија“, пак, тврди дека нејзиното срце е само семејството и нејзината работа. “Во мојот приватен живот сè уште ја чекам вистинската личност. И тоа е тешко да се чека, тешко е да не се направи нешто погрешно во процесот. Но, не се откажав, се уште се надевам на љубов. верувам дека вистинската љубов ќе ме најде“, вели Мерјем. „Во моментов сум среќна и вака сингл“.

На прашањето – која е „вистинската личност“, убавицата одговара: „Тоа е оној кој е на ваше ниво во духовна смисла, тој е вашиот вистински придружник. Тоа е личноста со која делите исти цели и перспектива, за да можете да се поддржувате еден со друг“…

Повеќе фотографии можете да видите на линкот

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат актер Владимир Јачев

Владимир Јачев е роден на 24 јануари 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за …