(ВИДЕО+ФОТО) Свадба за која зборува цела Турција: Ѕвездите од серијата „Златен кафез“ се венчале во реалниот живот – убавата актерка воодушевила со изборот на венчаница

Турската серија „Златниот кафез“, снимена според вистинити настани, постигна голем успех, како во родната земја, така и во регионот. Обожавателите биле особено задоволни од веста дека главните актери Берил Позам (28) и Ерсин Ариџи (33), кои ги играат ликовите на Суна и Абидин, се венчале во реалниот живот.
И’ додека турската серија „Златен кафез“ ги израдува љубителите на сапунските опери ширум Балканот, медиумите од Босфор пренесуваат дека актерската двојка се венчала на интимна церемонија. Романтичните фотографии на Берил Позам и Ерсин Ариџи, кои навистина уживаа во својот најубав ден, станаа вирални на интернет.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by кино | сериал (@famous.and.love)


Љубовта се родила на снимањето
Свадбата на турските актери се одржала во градот Далјан на југозападот на земјата. Судејќи по фотографиите и видеата, забавата била одлична, како што доликува на таков ден.


@serienholic işte buuu 🤍 Beril&Ersin Wedding #berilpozam #ersinarıcı #ersber #absun #erber #mertramazandemir #afrasaraçoğlu #afram #seyfer #seyran #fyp #fy #fypシ゚viral🖤tiktok☆♡🦋myvideo #keşfetteyizzz #keşfet #viral #yalıçapkını ♬ orijinal ses – M Onur Aksoy

Љубовната приказна на Берил и Ерсин започнала на снимањето, додека тие ја снимале популарната серија. Романсата од екранот ја пренеле во реалноста, иако долго време го криеле фактот дека се заедно.
Како што може да се види на видеата кои стигнаа на социјалните мрежи, на турските ѕвезди им било тешко да ги задржат солзите, па обземени од емоции и двајцата плачеле на свадбата. Меѓу гостите биле и бројни актери од серијата: Афра Сарачоглу, Буце Бусе Кахраман, Дирен Полатогулари, Ознур Серчелер, Сезин Бозанџи.

Класиците се секогаш во мода
За време на церемонијата, невестата носела бела венчаница од тантела, букет бели рози и долг превез кој се пречевал по нејзиниот грб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEBANESE WEDDINGS (@lebaneseweddings)

Венчаницата била едноставна, елегантна и безвременска. Подоцна се пресоблекла во мини фустан кој ги открил нејзините раменици.
Младоженецот се одлучил за класиката, облечен во бел свечен костум со двојно копчање.
Парот блескал, а судејќи по фотографиите од венчавката, тоа била забава за паметење.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ѕвездата на „Емили во Париз“ никогаш не била позгодна: Привлекувала погледи на црвениот тепих, а ова е нејзиниот сопруг 

Ѕвездата од серијата „Емили во Париз“, актерката Лили Колинс, не греши кога е модата во …