(ВИДЕО+ФОТО) Средба со навивач после 20 години: Брачен пар од Чешка го изненади Новак!

Иако играчите се обврзани да дадат изјава по мечот, а овие интервјуа може да траат и до десет минути, сега Новак буквално му го одзеде микрофонот од рацете на Џон Куриер, се „заблагодари“ на публиката и веднаш отиде да се збогува со големиот број на Срби кои дојдоа да го поддржат. Ги потпиша нивните дресови, капи, топки, а потоа истрча во микс зоната.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Eurosport (@eurosport)


Во меѓувреме за разговор го чекаше Бакси која во името на екипата на Еуроспорт му приреди невидено изненадување.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurosport (@eurosport)

За време на изјавата се појавија неговите најголеми обожаватели, постар брачен пар од Чешка, кој прекрасно го изненади и со кои тој срдечно се поздравуваше и прегрнуваше. ПотоаНовак бешевиден како носи маичкакоја ја имаше брачниот парпа такаигоодработи тренингот после натпреварот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurosport (@eurosport)

Пред започнувањето на натпреварот со Лехечка господинот од Чешка кусо објасни дека го нема видено 20 години, но дека сето време навиваат за него и дека би биле пресреќни доколку се сретнат со него. И тој и сопругата носеа маичка со ликот на Новак.

Екипата на Еуроспорт им ја овозможи таа средба а во преносот во живо се гледаше колку искрено Новак се изненади.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …