(ВИДЕО+ФОТО) СПЕКТАКЛ ВО БУЕНОС АИРЕС: Ѓоковиќ и Дел Потро ја воодушевиле публиката на спектакуларното збогување на Аргентинецот од тенисот

НОВАК Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро приредиле вистински спектакл за публиката во Буенос Аирес, но и за сите кои го следеле последниот меч во кариерата на аргентинскиот тенисер.
Последниот официјален натпревар „Џинот од Тандил“ го одигра во 2022 година, но од „белиот спорт“ се прости во дуелот со својот голем пријател и најдобриот играч на сите времиња.


Секој можел да ужива во она што го видел на теренот. Имало одлични потези и удари од двете страни, но имало и многу поени за публиката. Дел Потро во неколку наврати потсетил каков убиствен форхенд имал.



На крајот Аргентинецот триумфирал со 6:4, 7:5. Двајцата не играле сами во вториот сет, бидејќи им се придружиле две познати тенисерки од оваа јужноамериканска земја – Жизела Дулко и Габриела Сабатини. Првата настапила со Ноле, а втората со Делпо. Двојката траела три гема.


Потоа Ѓоковиќ и Дел Потро продолжиле да се натпреваруваат. На крајот, шампионот на УС Опен од 2009 година успеал да слави и на најдобар можен начин да ја заврши својата богата кариера.

Дел Потро освои 22 трофеи, најдобар пласман на АТП листата му беше третото место до кое стигна на 13 август 2018 година.

Двајцата одиграа 20 меѓусебни натпревари во кариерата, а Ѓоковиќ бил поуспешен со 16:4.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …