Сања Илиќ одлучил сам да ги плати трошоците на патот на сопругата Татјана за да нема проблеми во бракот. Копозиторот бил женет со починатата југословенска глумица Злата Петковиќ, која била Мис на Југославија и еден од главните ликови во серијата и филмовите „Отпишани“…
Србија на годинешниот Евросонг ќе ја претставува музичарот Александар Сања Илиќ (66) и групата „Балканика“ со песната „Нови деца“, а наместо да се подготвуваат за настапот композиторот мора да се бори со малку подруги проблеми.
Како што пишуваат српските медиуми, неговата сопруга Татјана Карјанов сака да биде дел од делегацијата која патува во Лисабон,а бидејќи тоа не било возможно, се заканила со развод.
„Последните денови во нивниот дом се водат остри полемики околу тоа дали Татјана ќе оди во Португалија или не. Од луѓето од РТС е барано и сопругата на Сања да оди како член на делегацијата, што значи дека РТС би морал да ги плати трошоците на нејзиниот престој. Со оглед на тоа дека тоа не било правило на телевизијата тие ваквото барање го одбиле што кај сопругата на Сања предизвикало бурна реакција“ објаснува изворот кој е добро упатен во состојбите.
Целта приказна толку многу ескалирала што Татјана се заканила дека ќе се разведе од Сања доколку не биде дел од делегацијата бидејќи таа е еден од авторите на песната“ додава изворот. Сепак, се чини дека оваа евровизиска драма сепак ќе има среќен крај. Имено, музичарот одлучил сам да ги плати патните трошоци за својата сопруга за да си нема проблеми во бракот.
„Да, ќе оди на Евровизија. Зошто не би одела? Не знам дали ќе биде како член на делегацијата, но во секој случај ќе оди. Веројатно ќе оди како моја сопруга, зошто би ја оптоварувал телевизијата со тоа“ рекол Илиќ.
Се’ искоментирала и уредничката на Забавната програма на РТС, Оливера Ковачевиќ.
„Сања Илиќ нема да биде на сцената туку оди како водач на ’Балканика’ и композитор на песната, а РТС секогаш води еден член од авторскиот тим. Дали тоа ќе биде копозитор или друг автор, тоа останува на нив да одлучат“ објаснила уредничката, а на прашањето зошто Татјана нема да оди
како член на делегацијата кусо објаснила дека тв куќата тоа не може да си го дозволи.
Да потсетиме, Александар Сања Илиќ бил женет со југословенската глумица Злата Петковиќ, кој своевремено бил Мис на Југославија.
Таа се прославила со улогата на Марија во тв серијата и филмовите „Отпишани“, а починала во 2012. година на 58. години, седум дена откако доживеала мозочен удар. Композиторот со Злата го има синот,исто така музичар, Андреја Илиќ.