(ВИДЕО+ФОТО) Што носела Меланија Трамп на инаугурацијата на Доналд: Снимена во елегантна креација

Меланија Трамп избрала елегантна облека за инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Таа носела капут дизајниран од Адам Липес.
Изгледот го комплетирала со шеширна модната куќа на Eric Javits во истата темно сина нијанса и шпиц потпетици. Косата и била врзана, а таа се одлучила за природна шминка.


Таа обично претпочита француски, италијански и британски модни куќи за нејзината секојдневна облека, вклучувајќи ги Валентино, Диор, Бурбери, Хермес и Александар Меквин.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Donald Trump Fans (@donaldtrump.hq)


Токму затоа што преферира европски модни куќи, добила критики од американските дизајнери. Имено, Нина Меклемор претходно изјавила:
„Ако сте поврзани со избран функционер и ги претставувате американските работници, тогаш треба да дадете приоритет на купување американски работи. И се допаѓало или не, таа има одговорност да ја претставува заедницата што го избрала нејзиниот сопруг за претседател“.

Некои личности одбиле да соработуваат со Меланија Трамп поради политичките ставови на нејзиниот сопруг. Меѓу нив се Марк Џејкобс, Софи Теалет и Кристијан Сириано.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед: А овие 10 намирници го имаат во изобилство, треба да ги јадете барем еднаш дневно

Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема цврстина и флексибилност, а со …