(ВИДЕО+ФОТО) Шарени коцки со мелено месо


Комбинацијата на вкусови во ова јадење ќе ве воодушеви…
Потребно е:
250 г мелено месо
100 г. сува сечкана сланина
масло
1 главичка кромид
4 чена лук
1 лажица црвен пипер
сол, црн пипер
100 г. варен ориз
200 г. листови попарена блитва
200 мл. јогурт
200 г. кисела павлака
3 јајца
кашкавал

Подготовка: кромидот исечкајте го на ситно и пропржете на масло, потоа додајте ги меленото месо, сланината, сол, црн пипер, црвен пипер, може малку сечкан магдонос и сечкан лук.Испржете, тргнете на страна и додајте го обарениот ориз.Убаво измешајте и проверете на вкус.
Листовите блитва исчистете ги од стебленцата, измијте и полијте со врела вода, да омекнат.
Дното на  тава намачкајте го со масло и наредете половина од листовите блитва, а во средина ставете го филот со мелено месо. Израмнете и нанесете ги останатите листови блитва. Со нож исечете на коцки.
Во чинија изматете ги јајцата па додајте јогурт, кисела павлака и полијте преку блитвата, убаво протресете да навлезе и меѓу исечените коцки. По површината нанесете рендан кашкавал и ставете во рерна загреана на 200 степени.Печете околу 40. минути.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Повторно Македонија во очекување на поројни врнежи и на невреме!

Под влијание на плиток циклонски систем со центар над североисточна Европа, денес (понеделник 12 мај) …