(ВИДЕО+ФОТО) Селин Дион низ солзи признала дека станала зависничка: Поради тешката болест доживеала вистински пекол


Селин Дион низ солзи признала дека можела да умре, поради проблемите со зависноста со која се борела.
Пејачката дива Селин Дион отворено признала дека пред дијагнозата станала зависна од дрога, а одвреме-навреме само ги зголемувала дозите.
Минатата година се дозна дека Селин Дион боледува од синдром на вкочанета личност, кој многу и го променила животот.
Меѓу шокантните вести е дека пејачката била зависна од дрога за ублажување на грчеви во мускулите. Пејачката во емисијата за „Ен-би-си њуз“ открила дека земала 90 милиграми дијазепам дневно поради болки, што може да биде смртоносна доза.
Тоа беше нејзиното прво телевизиско интервју по дијагнозата.


„Не знаев дека може да ме убие. Ќе земав, на пример, 20 милиграми дијазепам пред настапот и додека да стигнам од соблекувалната до бекстејџот, веќе ќе исчезнеше“, признала пејачката.

Открила и дека нејзиното тело почнало да се навикнува на лекот, па наскоро повторно ќе почувствувала болка, што на крајот довело до зголемување на дозата.


За време на пандемијата, лекарот и помогнал да се ослободи од зависноста. Самата си признала дека големите дози на лекови не можат да и помогнат да се справи со деловните обврски и да ја ублажи душевната болка која настанала по смртта на нејзиниот сопруг.


Потсетуваме дека нешто не е во ред, Селин забележала уште во 2008 година за време на нејзината светска турнеја „Taking Chances“. Тогаш гласот почнал да и трепери кога изведувала високи ноти.

„Се борев за контрола. Можев високо да пеам, но тогаш гласот ќе ми пукнеше во некои грчеви. Го направив она што секој треба да го направи – отидов на лекар“.

Неодамна беше објавен документарен филм во кој Селин низ солзи зборува за својата болест и им вети на своите фанови дека ќе даде се од себе за да се опорави.

Во продолжение погледнете го целосното интервју.

Фото: Принтскрин/NBC/Today Show/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ПРОМЕНАДА“ – концерт на Дуо пијано – Татјана Божиновска и Билјана Димовска

Вечерва, во Камерната сала во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност …