(ВИДЕО+ФОТО) СЕ РОДИ НОВА МОДНА ИКОНА! Новак Ѓоковиќ на насловната страница на „Вог“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не е еден од најдобрите во историјата на „белиот спорт“, туку е „најдобар на сите времиња“.
„Никогаш не сум направил вакво нешто. Ова е одлично“, вели Новак, кој бил воодушевен од снимањето. Целиот концепт на едиторијалот е ретро – кафеави ормани, слики од детството, пехари, црн фиксен телефон, стари тегови.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)


Новата модна икона е родена
Иако Роџер Федерер долго време е модна тениска икона и миленик на уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур, се чини дека се роди нова модна икона.
Имено, во видеото кое кружи на интернет, а кое е направено за едиторијал, Новак вели дека не се чувствува како модна икона. Многумина навистина не се согласуваат со него, а напишале дека навистина е. На сите им се допаднале модерните, а сепак толку ретро комбинации кои се приказна за себе. Посебно е интересна играта на класичните кроеви со интензивни бои (зелена, сина, жолта) и смели дезени – стајлингот е на високо ниво, но славата сепак ја однесе моделот, т.е. Новак.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Вкусот на тревата од Вимблдон
Тенисерот открил и каков вкус има тревата од Вимблдон откако ја пробал – мал ритуал што го практикува по секоја од неговите седум победи на Вимблдон: „Најдобриот вкус што некогаш можете да го вкусите во животот. Веројатно е малку солена, испотена“ , но на кого му е гајле, секогаш е вкусна после победа. Дознавме дека се надева дека родителите му го зачувале првиот рекет и дека сонува чудни соништа пред натпреварите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

„Вози полека за да стигнеш порано“
Тој професионално се занимава со тенис од 2003 година и неговата игра, мотивација, способност за издигнување во моменти кога сите мислиме дека нема надеж навистина го импресионира светот. Во списанието открива како ги победува противниците кои се 10 или повеќе години помлади од него: „Мојот покоен дедо велеше ‘вози полека за да стигнеш порано’“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Фoтo: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) БАДИЈАЛА И СЕ ПАРИТЕ: Мирка на Федерер ја прозвале поради изгледот на роденденската забава на познатата Србинка – „Изгледа како пејачка на панаѓур“

Роџер и Мирка Федерер се појавиле на роденденската забава на Андреа Рајачиќ, долгогодишата партнерка на …