АКТЕРКАТА Кејт Винслет се појавува целосно гола во нејзиниот најнов филм „Lee“, а сега протекоа и фотографии од одредени сцени.
Филмот е сниман во околината на Дубровник.
Во филмот, Кејт Винслет го толкува ликот на воениот фотограф Ли Милер, која за време на Втората светска војна се соочува не само со опасностите од бојното поле, туку и со сексизмот меѓу нејзините колеги воени дописници. Ли Милер, поранешен модел, станала познат воен дописник за магазинот „Вог“.
Филмот е снимен во близина на Дубровник, во напуштеното одморалиште Купари, кое било оштетено за време на Татковинската војна.
Филмот е британски биографски драмски филм во режија на Елен Курас по сценарио на Лиз Хана, Џон Коли и Мерион Хјум, заснован на книгата The Lives of Lee Miller (Животите на Ли Милер).
Ова не и е прв пат
Досега Винслет се соблече гола во најмалку девет филмови: Heavenly Creatures, каде што имаше само 17 години, потоа во филмовите Jude, Titanic, Hideous Kinky, Holy Smoke, Quills, Iris, Little Children и The Reader.
Фото: Принтскрин/YouTube