(ВИДЕО+ФОТО) Се појавил трејлер за филм за „Пријатели“: Мет ЛеБланк го коментирал повторното собирање

Откако на интернет се појавил лажен трејлер за филм за „Пријатели“, бившата ѕвезда Мет ЛеБланк открил дека тоа нема никогаш да се случи.
50. годишниот водител на „The Top Gear“ во радио интервју на фановите кои сеуште го сакаат омилениот ситком им ги урнал сите надежи, велејќи “оставете ги работите какви што се“. ЛеБланк кој се прославил со улогата на Џои Требињани рекол дека никој не сака да го гледа Џои „како прави колоноскопија“ .


„Разбирам дека луѓето сакаат враќање. Но, тоа шоу беше во одреден период во животот на шест ликови, на возраст помеѓу 20 и 30 години“, рекол за радио Бризбејн 97,3 ФМ и додал дека смета дека е подобро да и се остави на фантазијата за наредните случувања со ликовите.
Исто така, рекол дека и повеќето од глумците не се за повторно собирање.
„Не е само едно лице. Мислам дека е подобро тоа да се остави“ рекол. Но, иако се сомнева дека би и се вратил на улогата на Џои, за неа имал само убави зборови.
„Мислам дека тоа е нешто што не доаѓа многу често. Тоа беше навистина посебно и ѕвездите се наредија за тоа“ рекол за улогата.
Дејвид Шимер, кој го глумел Рос Гелер, уште во интервју од 2011. година за „Холископ“ ја отфрлил таа идеја.
„Навистина ми се допаѓа како серијата заврши. Мислам дека крајот беше совршен и не гледам никакви причини да се враќаме на тоа“ рекол Шимер.
Џенифер Анистон, односно Рејчер Грин, во интервју за ИТВ рекла дека не знае што точно би направиле.
„Мислам дека тој период е поврзан со некоја носталгија, знаете, има нешто во тоа време кога луѓето не блееа во екраните на умните телефони“ рекла Анистон.
„Бевме заедно во соба или во кафуле и разговаравме. Тоа го изгубивме“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Тања Царовска

Тања Царовска е родена на 19 март 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …