(ВИДЕО+ФОТО)  Се јавил еден од нив – Геј пар се бакнал во Ватикан во моментот на објавувањето на Папата, видеото привлече големо внимание


Геј пар се бакнал на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан за време на објавувањето на новиот папа, а видеото стана предмет на коментари на социјалните мрежи.
Додека некои го поддржале нивниот потег, други изјавиле дека ова не е вистинското место за тоа. Видеото досега е прегледано речиси два милиони пати на X и има 75.000 лајкови.
Хуан, еден од мажите, се изјаснил во коментарите. Тој споделил фотографија на која повторно се бакнува со партнерот и кратко напишал: „Чао“.


Американскиот кардинал Роберт Френсис Превост беше избран на четвртиот круг гласање за време на вториот ден од конклавата. Тој стана 267-ми поглавар на Римокатоличката црква.
Бел чад се појави над Систинската капела, што означува дека е постигнат консензус меѓу кардиналите. Набргу потоа, протоѓаконот ја објави добрата вест од балконот на базиликата „Свети Петар“: Habemus Papam!
По испуштањето на бел чад, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан владееше големо воодушевување.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тие никогаш не откриваат сè: Најтаинствените хороскопски знаци

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …