(ВИДЕО+ФОТО) Рецепт за погача ШТО НЕ СЕ МЕСИ: Готова за 30 минути

Доколку ви треба брз рецепт за погача, го имаме решението
Потребно е:
лонче од 200 гр
2 јајца
2 лончиња брашно за леб
2 лончиња пченкарно брашно
1 лонче јогурт или млеко
50 мл масло
10 гр квасец
1 прашок за пециво
сол
1 грст семки од сончоглед
1 грст ленено семе
повеќе млеко или минерална вода за одредена поретка густина
Подготовка:
Скршете ги јајцата во сад и малку изматете ги со жица.
Додадете растопен квасец, масло, јогурт или млеко, двата вида брашно и прашокот за пециво, како и семките. Се убаво измешајте со шпатула и оставете да отстои 15 минути.
Одозгора ставете семки, сол, измешајте со додавање уште малку млеко или кисела вода. Тестото мора да биде малку потенко. Истурете во поголем плех обложен со хартија за печење.
Оставете го топло додека не се загрее рерната. Печете на 220 степени C 35-40 минути. Пријатно!


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОВЕЌЕ ОД 2.600 ИСПИТАНИЦИ – Истражувањето открило психолошка особина кај луѓето која е поврзана со неверство

Неверството е една од главните причини зошто луѓето ги прекинуваат врските. Но, она што е …